Роден е на 26.12.1965 година во Куманово. Во 1980 година се запишал во МПБ, а своето богословско образование го продолжил на Богословскиот факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Од 1 септември 1991 година бил назначен за професор при МПБ. На 20 септември 1995 година во Италија, во Бари, на Екуменско-патристичкиот институт „Свети Николај“ магистрирал на тема: Богомилство – извори, основачи и учењето. За време на неговото долгогодишно работење во Богословијата и за потребите на богословите ги издава следните учебници од областа на новозаветната егзегетика: Толкување на Посланијата од светиот апостол Павле до Ефесјаните, Филипјаните и Колосјаните, Скопје 2004 г.; Толкување на Посланието од светиот апостол Павле до Римјаните, Скопје 2006 г.; Толкување на Првото и Второто послание од светиот апостол Павле до Коринтјаните, Скопје 2007 г. и Толкување на Посланијата на светиот апостол Павле до Галатјаните и до Солуњаните, Скопје 2009 г.