Во учебната 2016/17 година, со благослов на ректорот на МПБ Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се возобнови литературната секција при Богословијата. Во неа членуваат ученици од сите 5 класа.
За остварување на целта на секцијата нејзините членови работат на составување текстови, превод, пишуваат поезија со што го подобруваат својот писмен, а покрај тоа и усниот израз, ги продлабочуваат своите знаења од областа на мајчиниот јазик, но и од останатите јазици што се изучуваат при Богословијата, а секако и познавањата од областа на теологијата.
Првата работна задача, а воедно и предизвик беше возобновувањето на богословското списание „Млад богослов“. За потребите на списанието учениците освен околу текстовите работат и на визуелниот изглед на истото, се запознаваат со целиот процес на создавање на едно пишано дело: пишување текстови, дизајн, подготовка за печат итн.
По излегувањето од печат на првиот број од возобновениот „Млад богослов“, на патрониот празник на МПБ, фокусот на литературната секција е насочен кон подготовка на следното списание.
проф. Петар Георгиевски