КОНКУРС за прием на ученици во МПБ „Св. Климент Охридски“ за учебната 2026/27 година

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА
МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА БОГОСЛОВИЈА „СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – СКОПЈЕ

К О Н К У Р С

за прием на ученици во МПБ „Св. Климент Охридски“ – Скопје, за учебната 2026/27 г.


Општи услови за кандидатите:

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат завршено основно образование.
  • да имаат основно познавање на Православието.
  • да се телесно и душевно здрави.
  • да не се постари од 18 години.
  • да не се женети.

Информации за приемниот испит:

Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и литература и испит по пеење.

Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од 5-то до 9-то одделение.

Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни.

Важна напомена: Кандидатите кои нема да освојат минимум 60 бодови, се смета дека не го положиле приемниот испит и нема да бидат рангирани.

Поднесување молби и термини:

Молбите за прием се поднесуваат преку парохискиот свештеник и надлежниот архиереј до Управата на богословијата.

Приемниот испит ќе се одржи на 15.06.2026 г. (понеделник), со почеток од 09:00ч.

По потреба, ќе се спроведе и втор приемен испит кон крајот на јуни.

Потребни документи за прилог:

Кандидатите треба да ги приложат следните документи:

  • свидетелство за свето крштение;
  • свидетелства од 5-то до 9-то одделение;
  • благослов од надлежниот архиереј;
  • уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за свештенички чин;
  • лекарска потврда;
  • писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во Богословијата и обврска од нив дека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци доколку ученикот не е стипендист.

Дополнителни одредби:

  • За полагање на приемниот испит кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на Богословијата, најдоцна до денот перед полагањето на приемниот испит.
  • Ќе бидат примени најмногу по тројца кандидати од секоја епархија.
  • Упис на вонредни ученици не се одобрува.
  • Школувањето во Богословијата трае четири години.

 

Од Управата на Богословијата