Роден е на 19 јануари 2000 година во Прилеп, Република Македонија. Основното образование го завршил во својот град Крушево со одличен успех (2014), а средното во Македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ во Драчево, Скопје (2019), како првенец на генерацијата. Додипломските студии ги започнал истата година на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде дипломира во 2023 г. На 20 мај 2024 година, од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, ја добил наградата за најдобро дипломирани студенти во академската 2022/2023 година. Постдипломските студии ги завршил на Православниот богословски факултет – Универзитет во Белград, Р. Србија, на библиско-патролошкиот отсек, со одбрана на магистерскиот труд на тема: „Месијанизмот во книгата на пророкот Исаија и неговата рецепција во Матеевото Евангелие“ (2026). Од 1 август 2026 година е назначен за професор во Македонската православна богословија.