За време на Светлата седмица, во периодот од 27. 04. 2022г. до 01. 05. 2022г, матурантите од МПБ „Св. Климент Охридски“ придружувани од професорите се упатија на матурско-поклоничко патување во Р. Грција, каде за време на нивниот престој се поклонија на мноштво значителни светилишта и мошти на светители, кои за време на нивното образование беа предмет на изучување, правило и образец за нивното охристовување, а кои и во иднина ќе ја подтикнуваат нивната желба и амбиција за следењето на образецот за живот кои овие светители го оствариле за време на нивниот живот на земјата, обожувајќи се во Христа.
Од името на Богословијата, би сакале да им се заблагодариме на сите оние кои преку нивната несебична љубов во Христа Воскреснатиот, го помогнаа остварувањето на ова за нас неповторливо патување и благодатно просветлување. Ние Ве имавме и секогаш ќе Ве имаме во нашите молитви – молете го Бога и Вие за нас! Христос воскресна!