Матурско-поклоничко патување 2019 година

Пасхалната радост на нашите матуранти беше зголемена со поклоничко патување во Русија.

Со големи заложби на отец Методиј, катигумен на Валаамскиот манастир, нашите богослови матуранти и дел од професорите, седум дена поминаа во духовна радост и исполнети со убавините на Валаам, Петербург и Кронштат.

Од името на нашите матуранти му благодариме на нашиот ректор, митрополитот Повардарски г. Агатангел и сите кои се вложија на било кој начин во ова патување.

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!