Богословите на Божествена Литургија во Охрид

Во годината кога прославуваме 1.000 години од Охридската архиепископија и 60 години од возобновувањето на Архиепископијата во лицето од Македонската православна црква, на 06 и 07 октомври во Калишта, Струга и во Охрид се одржа убилеен Архиепископски црковно-народен собор.

Соборот заврши со Божествена Литургија во Соборниот храм на Охридските Архиепископи – „Св. Софија“, на која молитвено присуствуваа и богословите.

Господи, споми си за сите оние кои се вложија и денес се посветени на животот на Охридската архиепископија.

По молитвите на нашиот духовен пастир Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, Господи Исусе Христе помилуј нѐ.