Еднодневна ексурзија

Со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, на ден 02.05.2017 г., се реализира еднодневната екскурзија на учениците при МПБ.

Екскурзијата започна со посета на манастирот „Св. вмч. Никита“ на Скопска Црна Гора. Потоа беа посетени манастирот „Св. Андреј“ и „Успение на Пресвета Богородица“ во каноњот Матка, по што учениците придружени од професорите при МПБ заминаа кон Тетово, во посета на манастирот „Св. Атанасиј Велики“ – Лешок.

Учесниците во екскурзијата беа пречекани од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, кој ги удостои гостите со свечен ручек. Благодарение на оваа екскурзија богословите се здобија со дополнителни знаења за историјата на горенаведените манастири, со што се исполни целта на самата екскурзија.