Дел од учениците при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје, со благослов на ректорот на МПБ Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел, учествуваа при прославата на празникот на Марковиот манастир – Св. вмч. Димитриј Солунски.
Како изминатите години така и оваа, на покана на игуменијата Илијана, со своите ангелоподобни гласови, учениците беа дел од Вечерната на 7 и од Литургијата на 8 ноември, а исто така, помагаа и во манастирските послушанија. На овој начин тие го дадоа својот скромен придонес во слава на Бог Пресвета Троица и со тоа го збогатија торжественото прославување на св. вмч. Димитриј, кој иако мошне млад, поради тоа што бил христијанин маченички пострадал во 4 век.
известува проф. Петар Георгиевски