„Спортско попладне“ популарно се нарекува делот од предвидените денови за воннаставни спортски активности во МПБ. За таа цел предвидени се два дена: среда и петок, од 13.30 до 15.30 часот. Спортови со кои се занимаваат учениците во зависност од афинитетот се: фудбал, кошарка, пинг-понг, шах и табла.
Богословијата располага со терен за мал фудбал и кошаркарско игралиште во прилог за спортските активности на отворено, како и со пинг-понг маса за спортските активности во затворен простор.