Започна матурскиот испит за 56-та генерација матуранти

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, ректор на МПБ “Свети Климент Охридски” отпочна полагањето на матурскиот испит за 56-та генерација богослови. Пратеник на матурскиот испит со одлука на САС на МПЦ-OA e поставен Митрополитот Тетовски-гостиварски г. Јосиф. Учениците за писмениот дел можеа да изберат една од следниве теми:

  1. Верата, надежта и љубовта во посланијата на светиот апостол Павле.
  2. Литургијата – Тајна над тајните.
  3. Црковно-народните собори на МПЦ.