Божествена литургија

,,Згрешив пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и, како еден од Твоите наемници, направи ме” (кондак – Недела на блудниот син).
,,Богословието без ревност не се измолува, ревноста без љубов висина не достигнува, љубовта е дар од Бога кој со ништо не се купува,
и трагајќи по него до Пресветиот се стигнува,
о богослови, ревнители и милозвучни струни Василие, Григорие и Јоване, до Христа стигнавте Кој при Себе ве привлече, затоа молете се за нас на кои Надеж ни е Отецот, прибежиште Синот, а покров Духот Свети Троице Пресвета слава Ти” (тропар – Свети три Ерарси).
На 12.02.2023г., во Неделата на блудниот син, и денот посветен на Светите три Ерарси – св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст, празникот посветен на сите богословски образовни институции, во МПБ ,,Св. Климент Охридски” беше отслужена божествена литургија.