На 4 Септември 2022 г., во дванаесеттата недела по Педесетница, кога светата Црква ги празнува светите маченици Агатоник, Зотик и другите со нив; светата маченичка Евлавија; и светата маченичка Антуиса и другите со неа, со благослов на нашиот Ректор, беше отслужена Архиерејска Литургија, со што, се означи почетокот на новата учебна година.
На Божествената Архиерејска Литургија чиноначалствуваше нашиот Ректор, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, како и отците-професори во нашата Богословија.
По завршувањето на Божествената Литургија, се изврши чинот Призив на Светиот Дух.
За време литургијата, Митрополитот Јосиф се произнесе со пригодна беседа, поучувајќи ги учениците, преку своите духовни совети, на духовно растење и достојно служење на светата Црква.
По завршувањето на чинот Призив на Свет Дух, поздравно слово произнесе и професорот ѓакон Илија Петров.
Кон фотографиите:
Призив на Светиот Дух – Богословија 04.09.2022 – Google Photos
Повардарска епархија – Беседа – професор Ѓакон Илија Петров (povardarska-eparhija.org.mk)