На 9.6.2022 година во МПБ „Св. Климент Охридски“ – Драчево, во присуство на Ректорот на МПБ митрополитот Повардарски г. Агатангел, митрополитот Брегалнички г. Иларион и митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, деканот на ПБФ „Св. Климент Охридски“ проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, професорскиот колегиум, како и почитувани јереи, свечено се прослави матурирањето на овогодинешните матуранти. Свечено и пригодно обраќање имаше класниот раководител проф. д-р Александар Атанасовски. Исто така на присутните во името на целиот клас матуранти им се обрати и матурираниот богослов Бране Николов. Помеѓудругото истакнуваме дека ученикот Петар Димковски беше прогласен за првенец на генерацијата богослови, додека пак, ученикот Бране Николов за ученик со најлитературно и елковентно изразување.
Ви посакуваме успешно понатамошно духовно и интелектуално надградување за достојно служење на Црквата Христова.
За многу години!