Започна матурскиот испит за 54-та генерација матуранти.

Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, ректор на МПБ “Свети Климент Охридски” отпочна полагањето на матурскиот испит за 54-та генерација богослови. Со одлика на САС на МПЦ-OA за овогодинешен пратеник на матурскиот испит e поставен Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар.