Божествена литургија

На 12.03.2022г., денот кога светата Православна црква го слави споменот на св. Теодор Тирон (Тодорова сабота), св. м-ч Агатангел Битолски, преп. Прокопиј Декаполит, преп. Талалеј, преп. Тит Печерски, преп. Стефан, св. м-ч Јулијан Подагрик и преп. Ефрем Катунакиски, во МПБ „Св. Климент Охридски“ беше отслужеба божествена литургија, на која сите ученици се причестија со Телото и Крвта Христови.
Торжественоста на денешниот ден, за нас беше уште поголема заради именденот на настојателот и ректор на нашата света обител, Неговото Високопреосвештенство, митр. Повардарски г. Агатангел! Долгоденствувај наш владико свет, и уште долги години моли го Бога Севишниот за нас грешните твои раби! На многаја и благаја лета Владико!