Божествена литургија
Соборот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење, не само за македонскиот народ, туку и за целиот христијански свет, светата Македонска православна црква го слави во првата недела од месец октомври. Извршувајќи дела достојни за светители, тие се издигнаа кон боженствениот живот и Бог ги овенча со вечни венци на славата. По тој повод на 03.10.2021г. во МПБ „Св. Климент Охриски“ беше отслужена Божествена литургија.