Божествена литургија

„Константине, Константине, мудар помеѓу царевите, вдахновен од висините а сега собеседник со Светиите, а и ти Елено, мајко на земниот цар, слугинко на Бога Вишниот, сотрудничке на Ангелите, кои Господа го величаат, молете се за нас о вие кои ја спознавте Бесмртноста, по вашите молитви, да се спасат нашите души“ (тропар на св. рамноап. Константин и Елена).
На 03.06.2021г., денот кога го славиме споменот на светите рамноапостолни Константин и Елена, во МПБ „Св. Климент Охридски“ беше отслужена божествена Литургија.