„Спаси ги Господи, Твоите луѓе и благослови го Твоето наследство; дарувај му на нашиот Православен народ победи над непријателот и чувај го со Твојот животворен Крст“ (тропар, гл. IV).
„Вратата на рајот повеќе не ја чува пламениот меч, зашто на негово место дојде крсното дрво; осилото на смртта отапе, и победата на адот се протера, зашто Ти си застанал пред него, мој Спасителе, викајќи им на оние во адот: Влезете пак во рајот“ (кондак, гл. VII).
На 04.04.2021г., во третата Недела од Великиот пост, посветена на Чесниот крст (Крстопоклона), во МПБ „Св. Климент Охридски“ беше отслужена божествена Василиева литургија.