Литургија на Претходноосветени дарови

„Господи и Владико на мојот живот, не ми давај дух на мрзливост, очајание, властољубие и празнословие.
Но мене, на Твојот слуга, подари ми дух на целомудрие, смирение, трпение и љубов.
О, Господи Цару, дај ми да ги согледам моите согрешенија и да не го осудувам мојот брат, зошто си благословен во вечни векови. Амин!“ (Св. Ефрем Сирин – Великопосна молитва)
На 17.03.2021г., во средата од Првата седмица од Великиот пост, во МПБ „Св. Климент Охридски“ беше отслужена литургија на Претходноосветените дарови.