Божествена литургија

„Помислувајќи на страшниот ден на судот сосема треперам, Господи, и тресејќи се, со страв викам: Кога ќе дојдеш на земјата со слава да судиш сѐ, Христе Боже, избави ме од секакво измачување, Владико, Ти Кој ме удостои да застанам десно од Тебе“.
(Егзапостилар, Недела на страшниот суд – Месопусна)
Во Неделата на Страшниот суд – Месопусна, на 07. 03. 2021г., денот кога го празнуваме споменот на св. Маврикиј и седумдесетмината војници, Многубројните маченици во Евгенија близу Цариград, преподобните Таласиј и Лимниј, св. Папиј Ераполски, во МПБ „Св. Климент Охридски“ беше отслужена Божествена литургија.