„Од Твојата татковска слава се отдалечив безумно, на зло го потрошив богатството што ми го предаде. Затоа како блудниот (син) Ти се обраќам: Згрешив пред Тебе, Оче Штедар, мене покајникот прими ме и, како еден од Твоите наемници, направи ме“.
(Кондак, гл. III, Недела на блудниот син)
На 28.02.2021г., денот кога светата Црква го празнува споменот на св. ап. Онисим и преп. Евсевиј, во Неделата на блудниот син, во МПБ „Св. Климент Охридски“ беше отслужена божествена литургија.