Божествена литургија

Да бегаме од фарисејското високословие, и да се научиме на височините на смиренословието на митарот, покајно возвикувајќи: Спасителу на светот, очисти го слугата Твој“.
(Кондак, гл. IV, Недела на митарот и фарисејот)
На 21.02.2021г., Неделата на митарот и фарисејот, кога светата Православна црква го слави споменот на св. прор. Захариј и св. вмч. Теодор Стратилат, во МПБ „Св. Климент Охридски“ беше отслужена Божествена литургија.
Молитвата на митарот: „Господи, смилувај се на мене грешниот“, ќе ги придружува праведниците до вратата на Царството, зашто на патот кон спасението на христијанинот мора постојано да се наоѓа меѓу стравот и надежта.
(Св. Исак Сирин)