„Денес е почеток на Божјата милост и на проповедта за спасение на луѓето. Во храмот Божји јасно Дева се јавува и Христа на сите го предвестува. Нејзе и ние велегласно и извикуваме: Радувај се, исполнување на промислата на Создателот!“ (тропар на Воведение на Пресвета Богородица).
На 04.12.2020г., денот кога го прославуваме празникот Воведение на Пресвета Богородица, беше отслужена света Литургија во МПБ „Св. Климент Охридски“, на која сите ученици пристапија кон светиот путир, и се соединија со Телото и Крвта Христови.