Свечена прослава по повод матурирање на 52-та генерација богослови

27.06.2020

Во Македонската православна богословија (МПБ) Св.Климент Охридски – Драчево, во присуство на ректорот на МПБ митрополитот Повардарски г. Агатангел, пратеникот на САС на МПЦ-ОА митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, митрополитот Брегалнички г. Иларион и митрополитот Европски г. Пимен се поделија сведителствата и дипломите на  52 генерација успешно завршени матуранти-богослови. На трпезата на љубовта класниот раководител , професор м-р отец Дарко Милев произнесе пригодно слово, со кое им посака понатамошен успех на дипломираните богослови. По повод успешното завршена матура на учениците свое излагање имаше пратеникот на САС на МПЦ-ОА митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф. Ученикот Борис Стоилковски беше прогласен за ученик на генерацијата. Во името на своите собраќа, односно соученици, ученикот Мартин Шапков произнесе благодарствено слово.