Настап на хорот при МПБ на манифестацијата „Јустинијанови денови“

На ден 15.11.2019 г., во Соборниот Архиепископски храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, започна манифестацијата „Јустинијанови денови“, во организација на Иститутот за национална историја. На истиот настан, по покана на проф. д-р. Маја Панова, а со посредство на деканот на Православниот богословски факултет, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски и со благослов на ректорот на Македонската православна богословија Свети Климент Охридски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, настапи Богословскиот хор.
На настапот изведени беа композициите: Оче наш, Достојно ест и Иже херувими.