К О Н К У Р С за прием на ученици во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ – Скопје за учебната 2019/20 година

Кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
– Да завршиле основно образование;
– Да имаат основно познавање од Православието;
– Да се телесно и душевно здрави;
– Да не се постари од 18 години;
– Да не се женети;
– Да имаат одличен успех од V до IX одделение;
Приемниот испит се состои од писмена работа и тест по македонски јазик и испит по пеење.
Тестот по македонски јазик ќе го опфати материјалот од граматика и литература, а писмената работа ќе биде на тема од литературата или од лектирите од V до IX одделение.
Испитот по пеење се состои од проверка на музичките способности на кандидатите преку пеење на музичката скала и песни.
Кандидатите кои нема да освојат минимум 60 бодови, се смета дека не го положиле приемниот испит и нема да бидат рангирани.
Молбите за прием се поднесуваат преку парохискиот свештеник и надлежниот епархиски архиереј до Управата на Богословијата. Приемниот испит ќе се одржи на 21.06.2019г. (петок), со почеток од 09:00ч.
Кандидатите треба да ги приложат следниве документи:
– Свидетелство за свето крштение;
– Свидетелства од V до IX одделение;
– Благослов од надлежниот архиереј;
– Уверение од парохискиот свештеник за подобност на кандидатот за свештенички чин;
– Лекарска потврда;
– Писмена согласност од родителите дека кандидатот може да учи во Богословијата и обрска од нив дека редовно ќе ги подмируваат интернатските трошоци, доколку кандидатот не е стипендист.
За полагање на приемниот испит кандидатите се должни да уплатат 1500 денари кај секретарот на Богословијата, најдоцна до денот на полагањето на приемниот испит.
Ќе бидат примени најмногу по тројца кандидати од секоја епархија.
Упис на вонредни ученици не се одобрува.
Од Управата на Богословијата