На 30. 11. 2018 година, во Првата седмица од Божикниот пост, со благослов на нашиот Ректор, Неговото Високопреосвештенство, митр. Повардарски г. Агатангел, и по благоволение на Неговото Високопреосвештенство, митр. Кумановско – Осоговски г. д-р Јосиф, беше одржана богословска трибина, на која Неговото Високопреподобие, архим. Григориј (Настески) произнесе предавање на тема „Постот и покајанието“ (нивната суштина и значење). По подробното и систематско изложување следуваа прашања од страна на учениците, кои направија ова предавање да премине во една поучна систематско-практична дискусија, од која сите ние извлековме многу душеполезни знаења, заклучоци и поуки.