На 2 септември 2018 г., во МПБ, беше отслужена Божествена Литургија, по која следуваше Призив на Светиот Дух, со што и официјлно започна новата учебна година.
Чиноначаствуваа Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар и ректорот на Богословијата – Неговото Вископреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан. Сослужуваа професорите-презвитери, како и гостите: протојереј-ставрофор Никола Грамбозов, протопрезвитер Борис Бобевски и протоѓакон Антонио Дујовски.
За време на Литургијата Неговото Високопреосвештенство Петар се произнесе со пригодна беседа, со што ги поучи и им посака успешна година на учениците.
По службата, од страна на гостите, беа разгледани реновираните училници, по што следуваше трпеза на љубовта.