Како што ја започнавме учебната година со молебен за призив на Светиот Дух, Кој да нѐ раководи и упатува кон спознавањето на Неговите вистини и низ оваа учебна година, денес кога светата Православна црква го празнува споменот на св. свештеномач. Патрикиј Бруски, со тројцата презвитери: Акакиј, Меандар и Полиен; на св. Јован Готски и св. кнез Јован Вологотски, нашата радост беше уште поголема, поради успешното завршување и на оваа учебна 2017/18та година. Благодарејќи му на Бога за сѐ, отслуживме Божествена литургија и благодарствен молебен, веднаш по нејзиното завршување. По молитвеното заштапништво на нашиот закрилник св. Климент Охридски, слава му на Бога за сѐ!