„Осана! Благословен е Оној што доаѓа во името Господово, Царот Израилев!“ (Јн.12:13)
На 01.04.2018 год., денот кога го празнуваме споменот на влегувањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, учениците при МПБ „Свети Климент Охридски“ молитвено присуствуваа и учествуваа во празничната божествена литургија во храмот „Св. Спас“, во Драчево.