Литургија на Претходноосветените дарови во средата од шестата недела на Великиот пост

„Затоа, чеда, да не се плашиме од тешкотиите кога сакаме да се покаеме, оти не знаеме до кога ќе бидеме живи. Ако смртниот час нѐ затече во гревови, тогаш зошто сме се родиле? Но, да побрзаме што поскоро да се ослободиме од бремето на нашите гревови, та при воскресението, кога ќе бидеме грабнати на облаците, светли да Го пресретнеме Господа, кога ќе дојде од небото во славата на Својот Отец, за да им суди на живите и мртвите, и секому да му се даде според своите дела.“

– Свети Климент Охридски