Во 2017-то лето Господово,
три фенера светнаа со силен зрак,
нарушувајќи ја тишината,
го осветлија катадневниот мрак.
Се збогати диптихот на македонските светии –
народот се радува.
О, преславно чудо,
Бог неизмерна благодат ни дарува!
Река од народ кон вашите кивоти прибегнува,
барајќи исцеленија со вера и надеж –
утеха за сите поколенија.
Му благодариме на Бог
што го чу нашиот умилен глас.
Свети Кипријане, Гавриле и Јоаникие
Молете Го Бог за нас!
Христијан Ѓошев