Богословија

Генерации стари и млади,
на тебе се потсетуваат,
убави времиња минале
на нив се навратуваат.

Безброј теолози
ти си изродила,
Црквата наша света
со клир си ја оплодила.

Љубовта наша кон тебе
никогаш нема да спласне,
ќе те чуваме како очи,
името твое да расне!

Христијан Ѓошев