На 07.01.2017 г., кога торжествено и со радост во нашите срца го прославувавме Рождеството на нашиот Господ Исус Христос, на Божествената Литургија возглавена од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а по предлог на Скопската епархија, САС на МПЦ, го одликуваше протојереј Јован Кумевски со граден крст.
Следниот ден, пак, на 08.01.2017 г., кога Црквата го прославува Соборот на Пресвета Богородица, Поглаварот на МПЦ – ОА со ѓаконски чин го удостои м-р Антонио Апостолоски.
Благодарение на двата настана Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ ликува и Му благодари на Бог – Света Троица, сметајќи ги нејзините професори за достојни!