Роден е на 09.04.1969 година во Велес. Со средно образование се здобил во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Есента 1989 година ги започнал студиите на ПБФ „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а во 1992 година се запишал на Правниот факултет во Скопје, како вонреден студент. Од 01.09.1993 година бил поставен за професор во Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“. Од 1999 година ја извршува и секретарската дејност во Богословијата. Во 2008 година, од страна на ректорот на Богословијата, Митрополитот Повардарски г. Агатангел е именуван за заменик ректор. Во 2009 година ракоположен е во свештенички чин, во 2015 г. во чин протојереј, а на почетокот на 2017 г. во чин протојереј-ставрофор.
Протојереј-ставрофор Јован Кумевски
Други професори