Јереј Дарко Милев

Роден е на 04.01.1985 г. во Кавадарци. Во 1999 г. се запишал во МПБ „Св. Климент Охридски“, а во 2004 г. своето високо образование го продолжил на СУ-ПБФ „Св. Климент Охридски“ во Софија – Бугарија, каде дипломирал во 2008 г. и веднаш запишал магистерски студии на истиот факултет, каде магистрирал во 2009 г. како првенец на генерацијата. Во моментот е докторант по догматика на истиот факултет. Во 2009 г. е поставен за редовен професор во МПБ. Во 2011 г. го издава своето прво дело „Црквата – Тело Христово и полнота во Светиот Дух“, а во 2011 г. учебниците „Хагиографија“ (прв дел) и „Хагиографија“ (втор дел) за потребите на МПБ. На ден 27.10.2013 г. е ракоположен во чин ѓакон, а на 21.11.2013 г. во чин свештеник.