
Роден е на 5 август 1992 година во Свети Николе. Основното образование го завршува во родниот град, а во 2007 се запишува во Македонската православна богословија "Свети Климент Охридски", каде што матурира во 2012 година. Додипломските студии ги завршува на Православниот богословски факултет "Свети Климент Охридски" - Скопје (2012-2016), а потоа на Универзитетот за општецрковна аспирантура и докторантура "Свети Кирил и Методиј" - Москва, завршува постдипломски студии и се стекнува со звање - магистер по теологија на отсекот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија (2017-2020). Од 1 септември 2021 година е назначен за професор во Македонската православна богословија.