Игор Величковски

Роден е на 08.02.1980 г. во Скопје. Основно образование завршил во Скопје, а карактеристично е тоа што уште во раните детски денови изразувал желба за изучување на богословските науки. Посетувајќи ги богослужбите посебен впечаток му оставиле црковното пеење и свештеничката проповед. Затоа, по завршувањето на своето основно образование, во 1994 г., се запишал во МПБ „Св. Климент Охридски“. Матурирал во 1999 г., по што своето образование го продолжил на ПБФ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Денеска е професор во Богословијата, а исто така, раководи и со хорот.