Нов чин во МПБ

На ден 24.03.2024г., во Првата недела од Великиот пост – Неделата на Православието, во соборниот храм ,,Пресвета Богородица” во Гостивар, на отслужената Света архијерејска Василиева литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот г. Јосиф благоволи и го ракоположи најпрво во чин ипоѓакон, а потоа во чин ѓакон, проф. м-р Живомир Јосифоски, редовен професор во МПБ ,,Св. Климент Охридски”.