На 10.6.2021 година, кога светата Православна Црква си спомнува за големиот настан – Вознесението Христово, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на свештенослужители, отслужи Божествена литургија во храмот „Свето Вознесение“, во населбата Драчево, Скопје. На литургијата активно учество зедоа дел од професорскиот колегиум при МПБ, како и овогодинешните матуранти од истата образовна институција. За време литургијата, во ѓаконски чин беше ракоположен дипломираниот богослов и професор при МПБ, Илија Петров.