„Денес е почеток на нашето спасение и откривање на вечната тајна: Синот Божји станува Син на Дева, и Гаврил блага вест објавува. Затоа и ние да повикаме кон Богородица: Радувај се, Благодатна, Господ е со Тебе!“
(тропар на Благовештение на Пресвета Богородица, гл. IV)
На 07.04.2021г., денот кога светата Црква го слави Благовештението на Пресвета Богородица, денот на почетокот на нашето спасение преку зачнувањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос во утробата Богородична, во МПБ „Св. Климент Охридски“ беше отслужена божествена литургија.