11.03.2020 – СРЕДА
Споменот на светиот новомаченик АГАТАНГЕЛ Битолски го прославивме молитвено и скрушено во нашиот параклис. Нашиот свет владика го носи неговото големо име, а од неодамна и ние чуваме во нашиот храм дел од неговите мошти, како голем дар и утеха.
На нашиот ректор, најсветиот господин Агатангел, по милоста Божја митрополит Повардарски, Господ да му даде долгоденствен живот и добро здравје!
НА МНОГУ И БЛАГИ ГОДИНИ!