Чествување на патронатот на МПБ

На 06.12.2019, во предвечерието на празникот на најсветиот меѓу Охридските светии, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, традиционално со вечерна богослужба во храмот “Вознесение Христово” во Драчево, започна чествувањето на патронатот на нашата Богословија, а со тоа започнаа и овогодишните свечености во чест на свети Климент.

По вечерната богослужба, во нашиот параклис беше прекршен славскиот колач, по што следеше свечена академија приредена од нашите ученици, а и настап на богословскиот хор. На крај беше послужена и свечена трпеза за сите гости.

Им благодариме на митрополитите Тетовско – гостиварски г. Јосиф, и Кумановско – осоговски г. Јосиф, кои беа кумови на нашето овогодишно празнување.

На многу години!