На 27.11.2019г., кога го прославуваме споменот на св. ап. Филип, св. Григориј Палама и св. цар Јустинијан, отслуживме Божествена литургија, молитвено прославувајќи го нивниот спомен.
„Гледајте сега, браќа мои, како сите христијани, од најмалиот до најголемиот, мораат секогаш да се молат во своите срца: „Господе, Исусе Христе, помилуј ме!“, на таков начин што умот и срцето секогаш да бидат во навика за изговарање на овие свети зборови“ – св. Григориј Палама.