На 09/22 мај, денот во кој извршуваме спомен на пренос на моштите на светиот отец наш Николај чудотворец, од Мир Ликиски во Бари, во нашиот параклис се отслужи Света Божествена Литургија.
„Дојде денот на сесветлото торжество, градот Бари се радува, а со него и целата вселена ликува, со песни и пеења духовни, зашто денес е светото торжество, на пренесување на чесните и многуцелебни мошти на светителот и чудотворец Николај, кој засветли како сонце незаодно со светлозарни зраци, растерувајќи го мракот на искушенија и неволи од оние што со вера викаат: Спасувај нè, како наш застапник, велики Николае.“