Со благослов на ректорот на Богословијата и по позитивните реакции поради возобновувањето на „Млад богослов“ кои, всушност, Неговото Високопреосвештенство г. Агатангел ни ги пренесе, пред вас е списанието број 2.
Во очи Христовото Воскресението учениците при МПБ принесуваат уште една своерачна жртва – текстуални трудови, во слава на Бог – Пресвета Троица.
Посакувајќи ви пријатни мигови, поминати низ редовите што следуваат, ве поздравуваме со вечно радосните зборови: Христос Воскресна, со надеж дека Господ Исус Христос ќе воскресне во нашите и ваши срца.