На 24.06.2017 г. се одржа приемниот испит за запишување на нови ученици, во I клас, во македонската православна богословија „Свети Климент Охридски“ – Скопје.
Испитот успешно го положија седум кандидати, кои на тој начин се здобија со право да се школуваат во МПБ.
По завршувањето испитот, ректорот на Богословијата – Митрополитот Повардарски г.Агатангел, заедно со професорскиот кадар, на новозапишаните ученици им посака топло добредојде и успех во совладувањето на материјалот во следните пет години, со надеж дека теоријата ќе ја преточат во опит, во слава на Пресвета Троица, достојно чекорејќи по патот кон небесното Царство.