Одбележување на 1100-годишнината од упокоението на св. Климент Охридски

По повод 1100-годишнината од упокоението на патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија – св. Климент Охридски, на 07.12.2016 г., професорскиот кадар и учениците при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“ присуствуваа на празничната Вечерна служба во Соборниот храм во Скопје како и на свечената академија, која се одржа во МНТ.

Со Вечерната, во присуство на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Нивните Високопреосвештенства: Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, а беше присутен и Неговото Преосвештенство Епископот Хераклејски г. Климент.

Следниот ден, на 08.12.2016 г., богословите присуствуваа на Божествената Литургија со која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Нивните Високопреосвештенства: Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, Митрополитот Струмички г. Наум, ректорот на Богословијата Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф.

На овој начин и претставниците на МПБ ја принесоа својата молитвена жртва пред Бога, со што му се заблагодарија на својот патрон св. Климент Охридски за неговото застапништвото.

Православниот пат

Живот, искушенија полн,
таков е човекот,
кон гревови тој е склон.

И јас се родив така,
но, за среќа моја,
примив Крштение свето, се избавив од мака…

Не беше тоа целосен лек
се исповедав…
Каква ли лекција добив, за навек!

Дојде време да ја примам Крвта Христова
блага
се исполнив со радост,
исчезна сета светска тага.

Сила демонска, посака да ме потопи
молитва искрена
како восок од лицето на огнот ја стопи.

Православието наше, не е религија,
некој посебен на животот кат
тоа е начин на живот,
правилно избран пат.