На 06.12 во предвечерието на празникот на света Екатерина, започнаа овогодишните празнувања на свети Климент Охридскиот Чудотворец и патрон на нашата света Црква.
Како и секоја година, прво во нашата Богословија, започна празнувањето на овој најголем наш застапник пред Бога, чие име и таа го носи веќе половина век.
Оваа година тоа го направивме онака како што дозволуваат здравствените услови, без надворешни гости, во присуство само на неговото Блаженство Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и Митрополитот Брегалнички г. Иларион, кој ја отслужи празничната вечерна и го прекрши славскиот колач.
Нашиот ректор, Митрополитот Повардарски г. Агатангел ги поздрави двајцата гости, им заблагодари што не се поштедија да земат учество во нашата прослава, и помоли од свети Климент, до година да празнуваме како и секоја до сега, со торжество и радост, и дај Боже по неговите молитви да биде така.
На многу години благословени!